Филип Блажевски освои бронзен медал на Европското клупско првенство во таеквондо

Филип Блажевски од ТКД Бутел ја израдува македонската јаност со о својувањето на бронзениот медал на Европското јуниорско клупско првенство во олимпиското теквондо во Тирана, Албанија.

Блажевски во категорија -68 клограми забележа три победи.

Филип покажа дека Македонија има потенцијал во овој олимписки спорт и дека во иднина може да очекуваме нови успеси.

„Уште еден врвен успех за македонскиот олимписки спорт, нов медал од големо натпреварување. Елиминирани сериозни светски сили во олимпиското теквондо“, велат од Македонската таеквондо федерација и нагласуваат:

„Ќе продолжиме да пишуваме олимписка историја за Македонија ! Имаме сигурна иднина“!

Резултати Европско клупско првенство:

Филип Блажевски – Жоел Далва Аторе (Шпанија) 2-1
Филип Блажевски – Карло Хојевиќ  (Хрватска) 2-0
Филип Блажевски – Огнен Коматина (Црна Гора) 2-0
Полуфинале
Филип Блажевски – Митор Димитрос (Грција) 1-2

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON