Џо Фрејзер е едно од оние имиња што го менуваат не само боксот, туку и спортот воопшто. Тешко дека има две мислења по ова прашање.
„Пушачот“ е омилен кај милиони во време кога Касиус Клеј се бореше меѓу јажињата. До денес, тој останува омилен син на Филаделфија (заедно со Роки Балбоа). А, признаието и љубовта на еден цел град го докажува прославата на 50-годишнината од „Битката на векот“.
Вчера (8 март) се одбележаа точно 5 децении од величествениот прв меч помеѓу Фрејзер и Али. Во 1971 година тис застанаа во ист ринг за прв пат. Фрејзер ја доби битката и му го нанесе првиот пораз во кариерата на Али. За прв пат двајца боксери без пораз се бореа за светската титула во тешка категорија.
Затоа вчера беше претставена нова триметарска статуа на двајцата гиганти. Скулптурата тешка скоро 725 килограми ја одбележува победата на Фрејзер над неговиот голем противник и пријател.
A statue of the famous fight between Joe Frazier and Muhammad Ali was unveiled on the 50th anniversary of the Fight of the Century.
Full story by @APgelston: https://t.co/1ALXAypzAs pic.twitter.com/xr0RXZ6VUr
— AP Sports (@AP_Sports) March 9, 2021
Статуата беше прикажана за прв пат во новата боксерска сала „Градот на братската љубов“. Таа е наменета за новиот спортски музеј што во моментов се гради во Фили. Двајца синови и ќерката на Пушачот беа меѓу специјалните гости на настанот.
Ова е втора статуа на Фрејзер, која ќе ја краси Филаделфија, откако во 2015 година беше поставено моќното лево кроше пред спортскиот и медиумскиот центар „Xfinity Live! complex“.
Огромната скулптура не беше единствениот чин на благодарност од жителите на градот до Фрејзер. Огромен графит со ликот на „Пушачот“ многу години ќе краси една од зградите во Филаделфија.