Фил Хит седми пат стана Мистер Олимпија и се изедначи со Шварценегер (ВИДЕО)

Фил Хит во Лас Вегас го освои најпрестижото натпреварување во бодибилдинг.

37-годишниот Американец по седми пат стана Мистер Олимпија и се изедначи со Арнолд Шварценегер.

Догодина има шанса да го изедначи рекордот на Ли Хани и Рони Колеман, кои се единствени што осум пати ја освојувале оваа титула.

Хит го доби и трофејот Еуген Сендоу, именуван по германскиот бодибилдер и „татко на модерниот бодибилдинг“, како и чек со 400.000 долари.

Второпласираниот Мамдух “Биг Реми“ Елсбиеј заработи 150.000, а третопласираниот  Вилијам Бонац 100.000 долари.

https://youtu.be/HpB14e11taU

https://youtu.be/vyRZNQlWQWg

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON