Фил Хит шеста година по ред ја освои најпрестижната титула во бодибилдинг „Мр. Олимпија“.
36-годишниот Американец победува од 2011 година, а зад себе го остави второпласираниот Јамајканец Шон Роден и победникот од 2008 година, 46-годишниот Декстер Џексон.
Оваа година не учествуваше Каи Грин.
Рекордни осум победи на натпреварување имаат Ли Ханеј и Рони Колман.
Хит за победата доби 400.000 долари. На второпласираниот му припаднаа 150.000, а на третопласираниот 100.000 долари награда.
https://youtu.be/T-zukT26Ndw
https://youtu.be/J4mM18NLHX0