Во главниот меч на кик бокс делот на ФФЦ 7 настанот, Џевад Потурак го победи Френк Муњоз со едногласна одлука на судиите. Но, она што се случи порано во борбата го обележа овој настан кој долго ќе го памети публиката ма ФФЦ. Тешко е да се опише со зборови што се пружија Томислав Цикотиќ и Елмир Мехиќ.
Џевад Потурак го демонстрираше своето огромно искуство и рутински дојде до победата над Френк Муњоз, пред својата публика во Сараево. БХ Машината погоди доволен број на удари за победата да не си ја доведе во прашање.
Но, она што го прикажаа Томислав Цикотиќ и Елмир Мехиќ долго ќе остане во меморијата на сите оние кои имаа можност да го видат нивниот 12 минутен меч. Презентација на кик-бокс како што сака да види публиката и пристапот на противникот, како што повеќето борци сакаат да го имаат. Безпоштедната битка на крајот му припадна на Томислав Цикотиќ.
До победи дојодоа уште Антонио Плазибат, Страхиња Дениќ, Денис Марјановиќ и Игор Емкиќ.
Резултати:
Антонио Плазибат – Бојан Џепина – нокаут, трета рунда (02:14)
Страхиња Дениќ – Џенан Потурак – КО (повреда), прва рунда (05:00)
Денис Марјановиќ – Бобан Крушиќ – нокаут, втора рунда (05:00)
Игор Емкиќ – Никита Чуб – со едногласна одлука на судиите , по четвртата рунда
Томислав Цикотиќ – Елмир Мехиќ – со едногласна одлука на судиите, по четвртата рунда
Џевад Потурак – Френк Муњоз – со едногласна одлука на судиите