Последните твитови на Хабиб Нурмагомедов конечно испровоцираа реакција на неговиот несуден противник – Тони Фергусон.
Да потсетиме, Хабиб пред неколку дена откри дека му била понудена борба со Фергусон, но се чини дека приказната повеќе не се развиваше во таа насока, па така фокусот на дагестанскиот борец се задржа на Едсон Барбоса со кого ќе се сретне на 30 декември.
Кратко потоа „Орелот“ имаше порака за сите оние кои се гласни во моментите кога тој е повреден.
„Зборуваат за мене кога сум повреден, но не ги слушам кога сум здрав. Каде се тие? @ufc„, рече Нурмагомедов.
Ова последното по се изгледа го налутиот Фергусон кој веќе не можеше да ги игнорира зборовите на Хабиб.
„Слушај ме ти кревок дебелогаз човеку, кога последен пат се обидовме да се бориме тогаш оној твојот шешир собираше пајажини. Како би било да го земеш бројот … да ја постигнеш потребната килажа, да се појавиш и да заќутиш веќе. Кој сега е беззначаен? Ебаниот првак #SnapDownCityBitch SnapJitsu ™ # TeamTiramisu4L # Towel7 #JustSayNo“, гласеше одговорот „Ел Цуцуи“