Фергусон: Ова е за вистинскиот појас, еби го Хабиб. Би требало да се пензионира

Тони Фергусон (25-3, 15-1 УФЦ) овој викенд во Џексонвил ќе се бори по втор пат за титулата привремен шампион во лесна категорија на УФЦ.

36-годишниот Американец со низа од 12-победи влегува во мечот со поранешниот шампион на ВСОФ, Џастин Гејџи (21-2, 4-2 УФЦ), кој забележа три последователни победи по поразите од Дастин Пориер и Еди Алварез.

Фергусон се бори со Гејџи откако по петти пат пропадна борбата со шампионот Хабиб Нурмагомедов. Русинот поради патните ограничувања не може да ја напушти Русија, а неговиот татко е во болница.

„Нема да одговорам на заебаното прашање дали оваа борба треба повторно да се закаже. Се грижиме за УФЦ 249. Борбата е со Џастин Геџи“, вели Ел Кучуј.

„Еби го Хабиб, ќе бидам искрен. Сакам да кажам еби го Хабиб. Јас го бранам својот појас по трет пат. Ова е за вистински појас. Ова не е за привремена титула. Ова е за вистинскиот шампион“.

„Тој човек е кучка (курва). Тој и МекНуџетс (Конор Мек Грегор). Тие треба да се пензионираат. Единствените двајца вистински мажи сме Џастин и јас Американски ебачи“.

Фергусон привремената титула на УФЦ ја освои во 2017 година против Кевин Ли, но му беше одземена откако се повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON