Фемили гепард од Драчево е еден од поновите клубови за бразилско џиу џицу и MMA, чиј тренер e поранешниот ММА борец, Иван Никшиќ.
За Иван се вели дека можеше многу повеќе на ММА сцената, само да имаше добри услови сигурно ќе беше еден од најдобрите борци и на Македонија би и донел успеси од престижните европски и светски промоции.
За да го подобри квалитетот на своите ученици по борење, но и на себе, неколку месеци тренираше со тренерот по борење Авдил Салиху, а пред некој ден и држеше тренинг со сите членови на клубот.
Никшиќ и Салиху искажуваат задволство од соработката. Тие истакнуваат дека во клубот има неколку деца кои со малку внимание ќе бидат добри борци. Салиху очекува многу и од Иван на ММА сцената.
Ipon.mk