Федор: Во Ризин допинг тестовите се многу строги

fedor_emelianenko do vreka

Новата јапонска ММА промоција на 29 и 31 декември ќе ги одржи своите два настани во кои ќе го видиме турнирот на осумте тешкаши и враќањето на Федор Емилијаненко.

Во пресрет на овие настани во ММА круговите почна расправа каква ќе биде допинг контролата. Многумина во однос ова прашање гледаат со сомнеж, но Федор изјави дека контролите се многу строги.

„Ќе имаме строга контрола. Пред и по борбата ќе бидеме подоложени на анализа. Ризин бараше да наведеме листа на лекови кои што се користат за време на подготовките. Дури и во договорот постојат клаузули во злучај на пад на допинг тестот“, изјави Федор Емилијаненко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON