„Дедо Мраз“ Шенон Бригс делеше поклони на децата

shannon santa

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Шенон Бригс, пристигна со противпожарно возило од 1925 година, за да подели пакетчиња на децата во сверниот дел на Мајами.

Шенон „Мраз“ Бригс дојде да подели играчки во вредност од 100 илјади долари.

„Имаме камион полн со играчки. Дали ви се верува? Шириме љубов и децата ќе имаат прекрасен Божиќ“, изјави Бригс.

Бригс (59-6-1, 52 КО) е роден во Њујорк. А професионално деби го имаше во 1992 година, а кариерата ја започна со 25 победи по ред. Тој е светски рекордер со 38 нокаути во првата рунда. Со победата над Сергеј Лијакович во 2005 година тој ја освои светската титула на ВБО.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО