Федор Емилијаненко следната борба ќе ја одработи во својата татковина Русија.
„Последниот император“ ќе се бори на Фајт најтс на 17 јуни во Санкт Петербург.
Името на противникот ќе бидат објавени на прес-конференцијата на 19 април.
На прес-конференцијата ќе учествуваат и Виталиј Минаков, Кирил Сиделников, Расул Миразев, Вадим Немков, Сергеј Павлович, Михаил Мохнаткин и Валентин Молдавски. Многу од нив се членови на тимот на Федор.
„Многу сум задоволен што ќе се борам во Русија, во својата татковина и за руските навивачи. Ќе се вратам во рингот, заедно со членовите на тимот Федор. Се надевам дека ќе ги исполниме очекувањата со интересни борби”, рече Емилијаненко.
Истиот ден, М-1 би требало да го одржи завршниот настан Гранд прито во средна категорија во која ќе се сретнат Александар Шлеменко и Рамадан Емеев.