Федор сака бокс меч со Рој Џонс!

Една од најголемите ММА легенди – рускиот великан Федор Емелијаненко сака да се испроба во боксерскиот ринг. И не против никого, туку за размена на удари со поранешниот светски шампион во четири категории Рој Џонс Јуниор. Ова го објави самиот Фјодор.

Американецот се врати во рингот минатата година кога имаше демонстративна борба со легендата Мајк Тајсон. Се бореаа во 8 рунди, оставајќи добри впечатоци, иако „Железниот Мајк“ доминираше. Според правилата, сепак, мечот беше нерешен.

„Ќе биде интересно, затоа што сум работел со Денис Лебедев и други боксерски момчиња. Јас боксирам од 2000 година. Но, не сакам да влезам во рингот против блогер или пејач. Напротив, за мене ќе биде чест да се соочам со Рој Џонс, бидејќи е вистинска легенда. Импресивно е и ако може да се реши, едвај чекам“, коментира Емелијаненко.

44-годишниот Русин во октагонот има скор од 39 победи, 6 порази и 1 меч без победник. 52-годишниот Џонс се пензионираше во 2018 година, а инстересно е тоа што во 2015 година доби руско државјанство. Поранешниот шампион ја заврши кариерата со 66 победи и 9 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО