Иако по вторпат загуби од Бадер, Федор не жали за ништо бидејќи имаше навистина голема и богата кариера.
Легендарниот Федор Емелијаненко синоќа се прости од професионалниот ММА спорт, а, за жал, беше поразен во прошталниот меч. Рајан Бадер прилично лесно го победи со технички нокаут во првата рунда, а Федор очекувано по поразот ги извади ракавиците и ги остави во кафезот.
23 години кариера и епитетот еден од најдобрите е нешто што секогаш ќе го краси Федор, а треба да му се оддаде признание за преземањето на најдобриот тешкаш што Белатор може да ја понуди за неговиот проштален натпревар. Без разлика на поразот, Федор го задржа ведриот дух и рече дека е трогнат од публиката и поддршката од неговиот тим:
„Од една страна, секако, тажен сум затоа што не успеав да го испорачам она за што дојдов. Но, од друга страна, се радував кога видов како луѓето навиваат за мене и за сите овие ветерани кои чекореа со мене повеќе од 20 години. Среќен сум, многу ми е мило кога ги гледам овие борци како ме поддржуваат. Ви благодарам на сите“, рече Федор на прес-конференцијата по борбата.
View this post on Instagram
Во чест на Федор Белатор ги покани следните легенди: Марк Колман, Ден Хендерсон, Чаел Сонен, Џош Барнет, Ренди Кутур, Ројс Грејси, Мет Хјуз, Рампејџ Џексон и Френк Шамрок. Сите тие подоцна му се придружија во кафезот за да бидат со него додека ги оставаше ракавиците, а тоа беше многу убав чин на Белатор.