Федор Емелијаненко (37-5-1НЦ) пристигна во Њујорк каде што се бори овој викенд во полуфиналето на Гран прито на Белатор против Чаел Сонен (30-15-1).
42-годишниот Русин пред борбата за влез во финалето вели дека ги чувствува годините.
„Кога бев млад и напорно тренирав чувствував умор. Сега можам да ви речам дека не знаев што значи замор. Сега се боли“, изјави легендарниот руски борец во втората епизода на Одбројувањето за Белатор 208.
Белатор 208:
Федор Емелијаненко – Чаел Сонен
Саад Авад – Бенсон Хендерсон
Тимоти Џонсон – Чеик Конго
Александар Шлеменко – Анатолиј Токов
Хенри Коралес – Енди Мејн
.