Федор „ги убива“ фокусерите: Русинот демонстрираше добра форма пред Сонен (ВИДЕО)

Пред нас е најважниот викенд за Белатор во 2018 година. Прво, во текот на ноќта во петок спрема сабота ќе го следиме Белатор 207 и првото полуфинале во тешка категорија на ГП меѓу Митрион и Бадер, а една вечер подоцна на Белатор 208 ќе го гледаме и она другото меѓу Федор и Сонен.

Синоќа се одржаа отворените тренинзи и тоа за двата настапи одеднаш. Како што се очекуваше, лидерите на Белатор пред новинарите и љубопитните ги испрати најголемите ѕвезди на двата настани. Посебен интерес валдееше за легендарниот Федор Емилијаненко, човек кои многумина го сметаат за најголем во историјата на ММА спортот.

Русинката излезе на сцената во своето класично издание. Физички беше во слична форма како и во очи на последниот меч во Белотор против Франк Мир. Со својот долгогодишен тренер демонстрираше претежно единечни техники или едноставни комбинации. Беше прилично брз и мудар, а впечатокот е дека тренингот го одработи како воопшто да не имаше публика пред него.

На сцената на отворениот тренинг се појавија и Сонен, Бадер и Митрион.

Во каква форма е славниот „Последен император“ оставаме секој да си заклучи за себе …

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО