Федор Емилијаненко се огласи по поразот

Федор Емелијаненко се огласи по поразот од Рајан Бадер во борбата за слободната титула на Белататор во тешка категорија.

42-годишната легенда во финалето на Гран прито во Лос Анџелес загуби со нокаут за само 35 секунди. Ова беше неговиот шестиот пораз во кариерата, а четврт нокаут (поразот од Кохсака 2000 исто така се води како ТКО, но беше поразен со прекин поради исеченица).

По борбата не даваше изјави, а се огласи преку социјалните мрежи.

„Се чувствував добро по борбата. Исеченицата над окото не е длабока. Добив неколку конци. Мислам дека ќе зарасне за неколку недели. Сакам да и се заблагодарам на сите што ми помогнаа во подготовките, кои дојдоа да се борат и кои рано стануваа за да го гледаат мечот. Ви благодарам на сите за поддршката и за молитвите. Сето тоа е Божја волја“.

Федор не напиша ништо за било какво повлекување или планови за продолжување на неговата кариера.

https://www.instagram.com/p/BtJYPZkB91s/?utm_source=ig_embed

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО