Ризин со вчерашниот настан спектакуларно започна својотот живот.
По првиот ден, очекувањата за новогодишната ноќ се уште поголеми, кога се враќа на борилиштето ММА легендата Федор Емилијаненко.
Во пресрет на својот настап Русинот е задоволен од борбите на сонародниците – Кирил Сиделников, Вадим Немков, Анатолиј Токов и Валентин Молдован, кои славеа со нокаут во Саита супер арена.
Многумина го критикуваа изборот на противникот за повратничката борба по три и пол години пауза. Федор не сфаќа Џаидеп Синг како шега.
„Мислам дека тој е доста опасен противник. Во борбата по К-1 правилата го порази Сергеј Каритонов. Тој е висок и тежок“.
На прашањето дали е загрижен поради долгата пауза, Федор објасни дека паузата била клучна во неговата одлука да се врати.
„Во споредба со тоа како што беше пред три години, се оправив од повредите. Добив медицинска помош за повредите кои ми пречеа. По борбата ќе одлучите дали сум подобар. Јас не давам прогнози. Ќе се однесувам во согласност со ситуацијата“.
„Последниот император“ дел од подготовките ги направи во Холандија со К-1 легендите Ернесто Хустt и Питер Аертс.