Федор 14 килограми полесен од Џонсон

Федор Емилијаненко е 14 килограми полесен од Тим Џонсон. Тие ќе се соочат на гала вечерта на Белатор 269 во сабота во ВТБ Арената во Москва.

Легендарниот Русин се враќа во кафезот по две години пауза. Борбата во тешка категорија ќе го означи почетокот на прошталната турнеја на една од најпознатите фигури во светот на ММА. Федор има 45 борби за различни организации, вклучувајќи го и УФЦ, со 39 победи и 6 порази.

Емилијаненко и Џонсон (15-7) денеска го имаа официјалното мерење, Федор е во многу подобра форма од неговиот противник. Тој застана на 105,91 кг, додека Џонсон тежеше 119,75 кг.

Главна карта на Белатор 269:
Фјодор Емелијаненко (105,91) – Тим Џонсон (119,75)
Виталиј Минаков (120.20) – Саид Соума (110.22)
Усман Нурмагомедов (72,57) – Патрик Пиетила (71,89)
Шараф Давлатмуродов (84,36) – Анатоли Токов (83,91)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО