Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) во соработка со Македонскиот олимписки комитет организира семинар за тренери, судии и делегати, кој ќе се одржи на 4 фавруари на Универзитетот за Туризам и менаџмент во Скопје.
На семинарот со свои излагања ќе имаат:
д-р Страшо Глигоров на тема „Некои актуелни состојби и нови тенденции на стручно-тренерската работа во македонското борење“;
проф. д-р Гино Стрезовски од Здружението на ракометни тренери на Македонија – „Презентација на работата на Здружение на ракометни тренери на Македонија“;
проф. д-р Милош Вучидолов – „Регулирање на прекумерна телесна тежина кај борачите“ и
Илчо Маркоски и Игор Христоски ќе зборуваат за „Правилата за борење – запознавање со комплексни ситуации во борба“ и „Примена на правилата во борењето – искуства и дискусија“.
Ipon.mk/В.Д.