ФБСМ ја доби организацијата на ЕП за пионери и на ЕП за млади сениори во 2020 година

Синоќа, на свеченото отворање на Светското првенство во борење слободен стил за ветерани во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Бетим Вренези, рече дека во Македонија се работи со силно темпо борењето да се врати таму каде што заслужува и дека тоа го препонзале и лидерите на меѓународното борење.

„Тие одлучија во идната година во Македонија да се одржи Европското првенство за пионери, а во 2020 година и ЕП за сениори до 23 години“, истакна Вренези.

СП го отворија Бетим Вренези и Цено Ценев, претседател на Обединетото светско борење – Европа. На шампионатот учествуваат 38 држави, со околу 300 борачи. По првиот ден најуспешни беа светските велесили во борењето Турција, Монголија, Русија, Иран.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО