ФБСМ доби најмногу средстава од боречките федерации, како и борачот Нуров, потоа следи Карате, Џудо, Таеквонодо…

Почетокот на новата 2020 година значи и распределба на новите 10 милиони евра, кои државата ќе ги пласира во спортските федерации и клубови преку Законот за ослободување од данокот на добивка, а чија официјална распределба во вид на ваучери беше официјализирана вчера со објавување на листите кој колку добил.

Федрацијата за боречки спортови на Македонија ќе добие 2.517.000 денари, Боксерската 1.481.000 денари, Џудо – 2.310.000 денари, Таеквондо – 2.496.000 денари, Кик бокс маитаи 1.400.00 денари, Традиционално карате 1.300.000, Пеливанска 300.000 денари, Карате 2.500.000 денари, Самбо – 500.00,00, Џиу џицу – 300.000,00, Бразилско џиу џицу – 300.000,00.

Убедливо најмногу пари ќе завршат во клубовите од спортското друштво Вардар, каде што најпрофитабилен е европскиот ракометен првак Вардар, кој доби 21,8 милиони денари што е околу 355.000 евра. Следуваат фудбалските црвено-црни, кои ќе инкасираат 10,5 милиони, кошаркарите од вардаровото семејство ќе добијат 6,9 милиони денари додека одбојкарите дополнуваат со 1,8 милиони денари. Веднаш зад вардарци е актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје со 15,8 милиони денари за првиот тим, како и со 4,9 милиони денари за вториот тим кој исто така игра во Првата лига..

Зад нив е вториот македонски претставник во Лигата на шампионите (ЛШ), Еурофарм Пелистер, во доби ваучер во износ од околу 300.000 евра (17,9 милиони денари), по што следуваат КК Работнички и РК Металург со по 13,9 милиони и КК Куманово и РК Пролет со по 11,9 милиони денари.

Актуелниот фудбалски шампион Шкендија е на дури седмото место по висина на парите добиени од државата, од каде што според ваучер-системот ќе инкасира 11,5 милиони денари, еден милион повеќе од најтрофејниот фудбалски колектив кај нас, Вардар. Во одбојката, најмногу пари ќе завршат во саката на ОК Џио и тоа четири милиони денари.

Симптоматично е што според распределбата на парите од државата за 2020 години, ниту еден денар нема да заврши во касата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), поради фактот што Агенцијата за млади и спорт (АМС) не го признава актуелното раководство за кое смета дека е нелегитимно. Најмногу се „опари“ Ракометната федерација на Македонија (РФМ), која инкасира 22,835 милиони денари (370.000 евра), додека добрите резултати на европска сцена на одбојкарите им го донесоа второто место и ваучер во износ од 18,688 милиони денари. Кошаркарите, пак, „паднаа“ на третата позиција, што сигурно нема премногу да ги здоболи знаејќи дека тоа ќе им донесе 16,615 милиони денари односно околу 270.000 евра.

Автомобилистот Игор Стефановски-Иџе доби 400.000 денари, сума која дефинитивно нема да го израдува со оглед на големите трошоци во спортот во кој бележи солидни резултати, а од индивидуалните спортисти најмногу пари ќе инкасира борачот Магомедин Нуров со 700.000 денари.

Листите со сите федерации, клубови и индивидуални спортисти може да ги погледнете на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON