Три години откако го детроинизираше Владимир Кличко, контроверзниот Тајсон Фјури се врати во рингот и синоќа на во Манчестер беше Сефер Сефери кој по потекло е од Гостивар.
Фјури беше фаворит, тоа и го оправда со првиот посериозен напад, за кој чекаше цели три рунди. Британецот во првите три рунди работата ја тераше на забава, а потоа со првиот посериозен напад го откажа Сефери кој ја предаде борбата, веднаш откако замина во аголот. Ова беше прва борба за Фјури по точно 924 дена, а покрај победата, борбата ќе се памети и по најбизарната сцена некогаш видена во боксот.
Во еден момент, Фјури и Сефери ја прекинаа борбата, а причина за тоа беше тепачка на трибините која беше поинтересна за фановите, па и за двајцата боксери кои се претворија во гледачи од рингот….
https://youtu.be/cT_d2PvjLRA
Better fight in the crowd than Tyson fury fight 🤣🤣🤣🤣 pic.twitter.com/uRFO2BYGA7
— NFFC (@Nffc_no1_fan) June 9, 2018
.