Со текот на годините, многу борци и навивачи расправаат за тоа кој е најдобриот во историјата на тешка категорија. Многумина ја поставија легендата Федор Емелијаненко на прво место, но минатата година и Даниел Кормиер има претензии за првото место, откако стана двоен шампион. Во својата кариера, Федор има освоено бројни одличја и го држи рекордот во ММА (38-6-1).
Емелијаненко е поранешен шампион на Прајд и ВАММА и јцели 10 годиини царуваше во тешка категорија, врзувајќи 27 последователни победи. Кормиер е со скор 22-1-1 во ММА, а во тешка категорија има 15 победи без пораз. ДК ја освои титулата во тешка категорија минатата година, откако го совлада Стипе Миочиќ и тоа го направи двоен шампион.
Денес, поранешниот шампион во тешка категорија го изнесе своето мислење за најголемиот шампион во тешка категорија досега. Фабрицио Вердум се бореше со Федор Емелијаненко и успеа да ја заврши во 2010 година. Бразилецот смета дека Федор е прв во рангирањето пред Кормиер.
„Во моментов сум казнет од УСАДА и тоа се тешки времиња за мене. Знам дека сум невин. Сега сум добро и правам занимавам со различни работи. Сето тоа е минато за мене и сега чекам да заврши казната и да се вратам во кафезот. Паднав заради контаминирани адитиви и тие го знаат тоа, затоа што имаат искуство. Не знам зошто ми беше изречена казна од 2 години. Знам дека не сум земал ништо и сега чекам. Сега имам 42 години и мислам дека уште две години се пред мене во кафезот.
Мислам дека сега битката на Кормиер ќе биде многу тешка против Миочиќ, бидејќи тој веќе нема да е фокусиран како порано. Кормиер иам повеќе килограми од што треба и мислам дека Миочиќ ќе победи со одлука. Тренирав со Даниел пред години. Мислам дека нема да се спушти во полутешка категорија, затоа што веќе е премногу дебел. Тој е добро момче и мој пријател. Мислам дека ќе се пензионира пред да се вратам. Сакам да се борам со Френсис Нгану. Тоа ќе биде тешка борба, затоа што има многу силни раце. Верувам дека можам да го задушам.
Не, не, не Кормиер не е најголем во историјата. Според мое мислење, Кормиер е многу добар борец и освои две титули во различни категории. Верувам дека најдобар е Федор Емелијаненко. Нема сомнение за тоа. Овој човек го заслужува тоа бидејќи цели 10 години немаше пораз. Верувам дека тој е најдобриот во историјата. Не, нема како да го надминам, иако го победив. Тој секогаш бил со класи над другите. Тој е мојот идол“, вели Вердум.