Европското првенство во џудо презакажано за ноември

Европското првенство во џудо во Прага прво беше одложено од април за јуни заради пандемијата на коронавирусот, а сега има нови датуми  8-10 ноември.

Сите настани под капата на Европската џудо унија се откажани до крајот на јули, вклучувајќи натпревари, тренинг кампови, семинари и фестивали.

Меѓународната џудо федерација го одложи крајот на квалификацискиот период за Олимпијадата во Токио до 29 јуни 2021 година, откако Игрите беа презакажани од 23 јули до 8 август 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО