Боксерите Гоце Јанески и Јасин Лама негативни на Ковид-19, го напуштаат карантинот (ФОТО)

Боксерите Гоце Јанески и Јасин Лама, македонски репрезентативци  се негативни на Ковид-19 откако денеска им беа направени тестови по речиси 14- дневниот карантин по враќањето од Лондон. Тие беа сместени во хотелот Ибис во центарот на Скопје.

Тие ќе го напуштат карантинот најдоцна во понеделник а потоа ќе одат во самоизолација во своите домови, како што налагаат здравствените прописи.

Јанески и Лама настапија на квалификацискиот турнир во Лондон за Олимписките игри во Токио, но третиот ден турнирот беше откажан. Македонските репрезентативци благодарение на ангажманот на Боксерската федерација, Амбасадите на Македонија во Лондон и Софија безбедно се вратија дома и беа во карантин во Скопје.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО