Европскиот шампион во џудо, Лоик Корвал, е казнет со 10 месеци суспензија на натпреварувачките права поради кршење на допинг правилата .
Францускиот натпреварувач, шампион на Стариот континент во категоријата до 66 килограми, пропуштил три последователни допинг тестови. Казната ќе му попречи да ја брани титулата на Европските игри во Баку во јуни, на кои е застапено и европското џудо. Корвал (26) нема да ја обжали казната што е во сила ретроактивно од 22 октомври 2014 и истекува на 22 август 2015 година.