Европскиот шампион Дејан Георгиевски: Со божја помош, сигурен сум дека ќе обезбедам норма за Токио, а таму ќе одам на медал!

Дејан Гергиевски вчера го освои единствениот историскиот златен медал за Македонија на Европското сениорско првенство во таекводно во Софија.

Дејан Георгиевски во првото коло го совлада Италијанецот Матео Милани, во второто коло го совлада Турчинот Сердар Јуксел, во четвртфиналето Чем Унлусој (Германија), а во полуфиналето Михајло Шелест (Украина). Следеше финале и одлична борба на Дејан против Русинот Јури Кириченко, по што Дејан се искачи на врвот на европското таеквондо.

Како се чувствуваш сега кога си на врвот на европксото таеквондо?

-Ова чуство не може да се опише со зборови, тоа може само да се доживее. Чуствувам и голема благодарност спрема целиот мој тим, до моите тренери, до моите најблиски до сите оние кои ме подржуваат и веруваат во мене, а најмногу благодарност на Бог.

Дали си изненаден од успехот?

-Секако дека има изненадување. Свесен сум дека ова не е само голем успех за таеквондото во Македонија, туку и воопшто за спортот кај нас. Европски шампион во олимписки спорт е сон на секој спортист, но нема да застанам тука.

Како беше на патот до златото? И што беше пресудно во финалето со искусниот Русин?

-Уф! Тоа беше тежок ден, имав пет борби и сите беа со пауза од половина час од една до друга. Беше исклучително напорно и тешко. Финалето против Русинот беше неизвесно се до последната рунда. Сметам дека и кондиционо и тактички во последната рунда успеав да го надмудрам и да го победам.Тежок ден, секогаш ќе го паметам!

Што е следно?

-Идната 2018 година ме очекуваат многу европски и светски Г-1 купови, тоа е патот до Токио. Тргнавме и нема застанување. Овој олимписки спорт дури допрва ќе слуша за Македонија, имаме многу што да кажеме.

Како до Оолимписките игри 2020 во Токио?

-Со божја помош, сигурен сум дека ќе обезбедам норма за Токио, а таму ќе одам на медал!

Инаку Дејан Георгиевски оваа година го освои Софија Опен (4-5 Март 2017), а на Светското првенство во Сеул, Јужна Кореа го освои 33-то место. На Ранг листата на Светската таеквондо федерација (ВТФ) е на 120 место. По европска титула многу ќе напредува и на оваа листа, со што ќе биде и многу поблиску до неговиот сон – учество на Олимписките игри Токио 2020.

Ова е прв медал на сениорско првенство, европско или светско, што го освоил таеквондист од Македонија, бидејќи првиот го освои натурализираната Македонка Петра Матијашевиќ која се закити со бронзен медал.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON