Битолчани имаа исклучителна можност да бидат домаќини на еден голем мајстор на бразилската џиу џица и на слободните борби, ниту помалку ниту повеќе, европскиот правк во БЏЏ и граплинг, Мирко Свиковиќ.
Црногорецот Мирко е роден во Малме, Шведска, каде и што има свој клуб, во кој тренирал и истакнатиот албански борец во УФЦ, Илир Љатифи.
Свиковиќ бил на гости во Битола и изразил желба да тренира со момците од Игор ММА.
„Ние со задоволство ја прифативме неговата желба да тренира со нас“, вели тренерот во Игор ММА, Ристо Димитров – Чурино и додава:„Напарвивме убави тренинзи. Многу работи ни покажа, а имаше и многу новитети и нови дрилови што се користат на високо ниво. Разменивме искуства“.
Свиковиќ е носител на кафеав појас во бразилско џиу џицу, кој, покрај редовните тренинзи во клубот и натпреварите, работи и со проблематични деца на кои и помага да не влезат во криминалните води.
Ipon.mk/В.Д.