Дана Вајт: Боб Арум е најголемото ѓубре во светот на спортот!

dana vajt so prstite

Боб Арум во последно време испрати повеќе негативни коментари спрема ММА и неговиот најважни претставник УФЦ.

Освен што се согласи со тврдењето на Нејт Дијаз дека сите ММА борци на стероиди. Еден од најголемите боксерски промотори на сите времиња исто така зборуваше за ангажирањето на лобисти како не би потпаднале под актот за Мухамед Али, како и за  мултинационалната и мултиетничката популација што го следи боксот, за разлика, по неговите мислење, од ММА.

Арум пред неколку години рече дека ММА навивачите се скинхедси кои гледаат други скинхедси како се борат, а дека борците се гејови, бидејќи се валаат едни со други.

„Не мислам дека на допинг тестовите се нужни во однос на борците. Повеќето борци ги почитуваат правилата. Тоа веројатно е потребно во ММА, бидејќи се чини дека такви работи нив не ги загрижуваат. Па, по ѓаволите, се додека тестови доаѓаат по борбите, зарем не? Сите ги собираат парите. Само велам“, изјави во Лас Вегас на прес-конференција за борбата Виктор Постол и Теренс Крафорд.

„Го имате ММА продаден за неколку милијарди долари. Со среќа нека им е. И поради некоја причина тие можат да купат лобисти, за да не потпаданат под актот на Мухамед Али како промоторите во боксот“.

Тогаш Арум го нападна „големиот аналитичар и интелектуалец“ Дана Вајт, заради говорот за поддршка на Доналд Трамп на Републиканската конвенција. Тој рече дека луѓето од различни култури го следат боксот, за разлика од ММА и дека согласно со тоа тие се гласачи на Трамп.

„Во бокс има многу малцинствата, афроамириканци, хиспанци, еврејски промотори. И, генерално, ние сме демократи. ММА луѓето за Трамп. Дали некогаш сте ја виделе ММА публиката? Се разбира дека се за Трамп“.

Дана Вајт не се штедеше во одговорот и потсети на интервјуто на Арум од пред десет години во кое тој го предвиде распадот на УФЦ.

„Кој го заболе за Боб Арум и што тој мисли? Не знаев дека се уште е жив“, изјави за ММА џанки.

„Се сеќавам на огорчениот, дебелиот, црвениот алкохоличар Арум, како црцори за купишта пари што ќе ги загуби Ферита на УФЦ. Арум е најголемото ѓубре во светот на спортот. Се рдаувам што останувам и што ќе продолжам да го развивам во секој поглед на работата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО