22-годишниот Максим Галиничев загинал за време на борбите во областа Луганск, пренесува iD Boxing.
Младиот Украинец е поранешен европски младински шампион во бокс, но кога избувна војната во неговата татковина, тој се пријави во војска.
Тој е уште еден професионален спортист кој го загуби животот во руско-украинската војна во изминатата година.