Европски куп: Златни медали за Георгиев и Манојловски!

Ненад Манојловски и Димитар Георгиев
Ненад Манојловски и Димитар Георгиев

Димитар Георгиев и Ненад Манојловски освоија златни медали на Европскиот куп „Сербиа опен 2015“ во Белград во дисциплината кик лајт.

Георгиев во категоријата до 79 килограми во финалето го совлада Матео Маноле од Хрватска. Претходно Димитар ги совлада Филип Станковиќ и Горан Зечевиќ од Србија со по 3-0.

Манојловски во финалето на категоријата до 69 кг славеше против Милош Цветковиќ (Србија), а во полуфиналето беше подобар од Србинот Јован Стевановиќ со 2-1.

Kik boks vo Belghrad

Во оваа категорија Филип Вучов загуби со 3-0 од Бранислав Митровиќ.

Милан Кубин во финалето – 89 кг не успеа да го совлада Милош Цвјетичанин (Србија), а во полуфиналето триумфираше со 3-0 над Александар Николиќ од Србија.

Стеафнија Тодорова (- 65 кг) беше поразена од домашната натпреварувачка Драгица Јелисавац во финалето.

Вчера настапи и Виктор Дуковски во категоријата до 63 кг и беше победен од Аго Артуковиќ од Босна и Херцеговина со 3-0.

Во Белград се собраа 126 кикбоксери од 7 држави: Македонија, Словачка, Словенија, Босна и Херцеговина,  Хрватска, Црна Гора и домаќинот Србија.  Натпреварите беа во К-1 и лајт кик, нашите настапија само во втората дисциплина.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON