Во сабота по 40-ти пат ќе се одржи Европскиот кадетско детски карате куп „Лорд куп“ во организација на Карате клубот „Аеродром“ во салата на ОУ „11Октомври“ во Скопје.
Ова е најстариот турнир што се одржува во Македонија.
„Во 1976 година го почнавме турнирот како „Пионерска кадетска демонстрација“ и се демонстрираа само кати, и во поединечна и во тимска изведба. Најдобрите ги бираа драмски уметник, лекар и каратист. Само по еден и по лично убедување се избираа најдобрите изведби“, раскажува идејниот творец на турнирот, Димче Јанковски, кој наведува дека во комисијата биле Сократ Пановски, Војо Николов и Ѓорги Тодоровски-Трупче.
Секоја година се менува налепницата односно логото за Купот, кои се инспирирани од нашата историја, а се работени во консултација со историчарот Марјан Димитриевски. Годинава, како што истакнува Јанковски, логото е посветено на 90-годишнината од извадањето на „Абецедарот/Букварот“ за Македонците во Беломорска Македонија.
Во 1982 година организацијата од Јанковски преминува на КК Аеродром, чиј основач е тој. Првото излегување на турнирот од салата на ОУ „Иван Горан Ковачиќ“ е на грдаскиот плоштад за празникот на младите „25 Мај“, а по 13 година почнува да функционира како регистрано натпревруавње и тоа во сите поголеми сали во Скопје. Имало од 500 до 600 ученици на турнир, со исклучок на последните 2-3 години.
„Не постои картист, голем дел од тренерите и репрезентативците, кои не биле дел од овој турнир. За сите овие години на Купот учетвувале над 12 илјади каратисти од Македонија, Словенија, Бугарија, Украина, Бнагладеш“, посочува Јанковски, при што нагласува дека прв на Балканот почнал да доделува дипломи за учество и други подароци, затоа што така секое дете дома носело радост.
КК Аеродром покрај овој куп, 16 години го организираше и „Ирена купот“, кој исклучиво беше за девојки.
Сепак, 40 години да се организра турнир е голема работа и сигурно не е лесно да се организира.
„Макотрпно. Многу е тешко, особено кога се нема пари. Подготовките трајат цела година. Штом ќе заврши едно издание, почнува подготовката за наредното. Голема благодарност за печатницата „Ќиро Дандаро“ кој 15 години ги спонозрира налепниците и материјалите“, вели Јанковски, кој има членска книшка број еден во Карате федерацијата на Македонија, од 1972 година, кој е најстар тренер и со најдолг стаж во нашата земја од 1967 година.
Иако сите турнири се интересни на свој начин, но оние од пред 6-7 години го доживеаја својот врв во однос на организацијата и учеството на каратисти. Турнирот кој беше направен за да го збогати натпреварувачиот опус на децата, бидејќи во тоа време имало само еден натпревар-Државното првеснтво за деца, слободно може да се каже дека денес е историја и институција.
Јанковски не се жали себе и додека го држи здравјето ќе го организира Лорд купот за деца. Како што вели тој:„Моите се бореа со пушка за Македонија, а мојот придонес за Македонија е Купот“.
„Идејата ми беше да потсетам на историјата на Македонија и да кажам дека таа не е тиква без корен. Така што секој може да процени кој е мојот придонес“, категоричен е Јанковски.
На 40 издание на Детскиот куп ќе бидат поделени благодарници и признанија, а ќе има и изведба на кати од страна на ветераните во карате спортот, оние над 50 години.
Покрај нашите каратисти, се очекува настап и на натпреварувачи од Романија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина.
ipon.mk/В. Донев