Куќата на славните на УФЦ има четири нови членови. Тоа се Морис Смит и Казуши Сакураба во категоријата ММА пионери, Урија Фабер во категоријата на модерните времиња и Џо Силва во категоријата на заслужните личности.
Сите четворица ја доживеаја својата инаугурација пред голем број на фанови во Лас Вегас, кои ги поздравија со огромни овации, но и ги послушаа нивните говори, кои беа преполни со емоции,духовити анегдоти и срдечни пораки. Затоа ќе ви го пренесеме видеото кое содржи најдобрите изјави инаугурираните.
.