Нашиот карате судија Боби Војдиновски доби посебно писмо од претседателот на Светската карате федерација (ВКФ), Антонио Еспиноз, во кое му се заблагодарува за одличнотои судење на него и на судискиот тим на Европските игри во Баку, Азербејџан.
Ќе потенцираме дека Војдиновски беше меѓу 23-цата судии на карате турнирот во Баку, кои не беа делегирани од националните федерации, туку беа повикани од ВКФ, односно ЕКФ.
„Писмото е испратено само на судиите што учествуваа на Европските игри во Баку. Од околу 330 судии со европски лиценци 23 беа одбрани да ги судат мечевите. Обраќањето е поради добро завршената работа. Ќе кажам дека немаше ниту еден приговор или жалба на судиските одлуки“, истакнува Војдиновски.
Тој е воодушевен од она што го видел во Баку и ја посочува нивната организраност. Она што било прикажано таму, пред се на карате турнирот, е уште еден чекор напред на овој спорт кон Олимписките игри.
ipon.mk/В.Д.