Борачот на Тефејуз од Скопје, Ертан Реџепи, од 05 до 15 април престојува во Хелсинки, Финска, по покана на финската репрезентација, чиј тренер е Шефки Дурмиши.
„Тука тренирам со Фатос Дурмиши, девет пати шампион на Финска. Фатос ќе учестува на квалификациските турнири за Олимпијадата во Рио. Имал желба јас да бидам негов спаринг партнер и да бидам до него. Затоа и дојдов тука“, изјави за Ipon.mk, македонскиот репрезентативец во борење и самбо, вооедно и шампион на Македонија.
„Овде добив една голема мотивација. Видов дека можам да им се спротиставам на многу добри борачи, затоа ќе продолжам да тренирам за новиот олимписки циклус. Фатос е еден од најдобрите борачи во светот, а негова покана да бидам со него и да тренирам ми даде мотивација да продолжам со борење. Веќе од сега мислам за новиот олимписки циклус и да ја претставам државата на Олимписките игри во Токио 2020 година“, дециден е Реџепи.
Ipon.mk/В. Д.