Ерол Спенс Јуниор ги обедини ВБЦ, ИБФ и ВБА титулите во велтер категорија, откако го нокаутира Кубанецот Јордaнис Угас во 10-тата рунда за да го подобри скорот на 28-0 и да го забележи 22-от нокаут докажувајќи дека е најдобар во својата каегорија.
Судијата Лоренс Кол го прекина мечот во 10. рунда, откако десното око на Угас беше целосно затворено и по втората лекарска проверка беше решено дек тој не може да проолжи.
https://twitter.com/SteveBoxman/status/1515553124458635267?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1515553124458635267%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fboxing%2Ferol-spens-zatvori-okoto-na-ugas-i-ustite-na-kriticite-s-pokazno%2F
Ова беше прв меч за 32-годишниот Спенс по повеќе од 16 месеци, по победата на поени над Дани Гарсија во декември 2020, и сега почнуваат преговорите за меч против непоразениот ВБО шампион Теренс Крафорд (38-0, 29 КО), кој последен пат боксираше во ноември, нокаутирајќи го Шон Портер.
Yordenis Ugas’ eye after his tenth-round stoppage defeat to Errol Spence… pic.twitter.com/OEfsfhbvdj
— Michael Benson (@MichaelBensonn) April 17, 2022
„Немав дилеми“, изјави Спенс по победата и додаде:
„Верував во себе. Видовте дека тренирав 100%. Знаев дека ќе дојдам и ќе го победам – тоа го сакав. Знаев дека ќе го извлече најдоброто од мене. Не сакав да бидам само за загревање.
Сите знаат кого сакам сега – Теренс Крафорд“.
По поразот, Угас призна дека сакал да продолжи, но апсолутно ништо не гледал со десното око.
https://twitter.com/FightingReflex/status/1515548270851940352?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1515548270851940352%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fboxing%2Ferol-spens-zatvori-okoto-na-ugas-i-ustite-na-kriticite-s-pokazno%2F