Ердоган пред суспензија и губење на бронзениот медал од СП

Турскиот борач Самил Ердоган се соочува со можна двегодишна суспензија и губење на бронзениот медал од Светското првенство поради позитивен допинг наод.

Samil erdogan Turcija Borenje

Меѓународната боречка федерација соопшти дека Ердоган бил позитивен на стероидот станазолол во септември за време на СП во Ташкент, Узбекистан.

Ердоган ја освои бронзата во категоријата до 97 килограми слободен стил.

Меѓународната федерација веќе донесе одлука за привремена забрана за настап на турскиот борач.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON