Ердоган ги награди борачите Кајлап и Акгул (ФОТО)

Претседателот на Tурција, Реџеп Таип Ердоган ги прими борачите Таха Акгул и Риза Кајалп во претседателската палата за да ги награди по освојувањето на медали на Олимпијадата во Токио.

Риза Кајалп, 10-кратен европски и четирикратен светски шампион во категоријата над 130 килограми во грчко-римски стил, освои трет олимписки медал. 31-годишниот борач се радуваше со бронза во конкуренција на најтешките. Тој освои сребро на Игрите во Рио, а во Лондон во 2012 година, исто така, освои бронза. Ова беа веројатно последните Олимписки игри за Кајалп, кој им рече на фановите пред Игрите дека по нив ќе се посвети на своето семејство – пред нешто повеќе од една година Риза стана горд татко на девојче.

Таха Акгул, пак, стигна до бронза во категоријата до 125 килограми слободен стил. 30-годишниот борач не успеа да ја одбрани олимписката титула од претходните Олимписки игри, но освои втор медал на најголемиот спортски форум на планетата. Акгул, исто така, освои 2 светски и 8 европски титули во својата кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON