Ентони Смит: Мек Грегор се однесува како бебе на ТУФ 31

На Конор Мек Грегор му е тешко во 31-та сезона на шоуто Ултимејт фајтер.

Борците на „Озлогласениот“ се уште немаат победа против оние на Мајкл Чендлер. Мек Грегор има 0-6 досега против Чендлер.

Во последните епизоди на ТУФ, Мек Грегор дивее бидејќи смета дека 3 рунди не се доволни и треба да има повеќе рунди во изедначени борби.

Ентони Смит неодамна се појави на подкастот на Мајкл Биспинг. „Лајон харт“ ги коментираше ТУФ рифовите на Мек Грегор и го спореди со бебе.

„Мислам дека оваа сезона на ТУФ не му оди баш најдобро. Мислам дека луѓето се нервираат со него и тоа не е нужно негова вина. Има многу монтажи, знаете на што мислам.

Мислам дека не го прикажуваат како што навистина е. Мек Грегор изгледа како одличен тренер, но изгледа и како бебе. Конор кука, се жали, се нафрла“, изјави Смит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON