Ентони Петис се среќава со Александар Мартинез на ПФЛ 4

Поранешниот шампион во лесна категорија УФЦ, Ентони Петис, се врати во кафезот во ПФЛ. Тој ќе се бори против непоразениот Александар Мартинез. Тие се во главната борба на ПФЛ 4, што ќе се одржи на 10 јуни во Њyџерси. Нивната битка е во лесна категорија.

Кон крајот на април, Петис дебитираше во ПФЛ и загуби од Колард со одлука на судиите. Тоа ја запре серијата од две последователни победи. Ентони има учинок 24-11 во ММА и победи во 2 од последните 5 ММА борби. Заврши 18 свои мечеви, а 4 загуби со завршица.

Мартинез, пак, има скор 8-0 во ММА. На крајот на април го победи Рајабов со поделена одлука. Така, Мартинез дебитираше успешно во ПФЛ и сега ќе даде се од себе да ја победи легендата. Александар заврши 6 од неговите битки во кафезот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО