Познатиот британски боксер Ентони Џошуа си го кажа мислењето за потенцијална борба со сонародникот Тајсон Фјури. „Еј Џеј“ смета дека „Џипси Кинг“ има психички проблеми, што е негова слабост.
Џошуа планира да ја искористи оваа неповолност во евентуална борба. Во моментов, нема извесност околу борбата во која е вмешан Ентони. Фјури се подготвува за боксерски меч со Френсис Нгану на крајот на месецот.
Во последните години многу се зборуваше за борба меѓу Фјури и Џошуа, но тоа не се случи.
„Тајсон Фјури дефинитивно има психички проблеми. Дали би го искористил ова во борбата меѓу нас? Сто проценти. Тоа е како да одиме во војна“, изјави Џошуа пренесува Мен’с хелт магазин.
Потсетуваме дека во последната борба, која се одржа на 13 август, Џошуа се сретна со репрезентативецот на Финска Роберт Хелениус и го нокаутираше во седмата рунда. Ентони има добиено 26 борби во професионалниот ринг со 3 порази.