Ентони Џошуа сака да издаде рап албум

Ентони Џошуа изјави дека сака да издаде рап албум.

Поранешниот шампион во тешка категорија ќе дебитира како рапер во 2023 година. 33-годишниот Британец со корени од Нигерија веќе разговарал со двајца рапери кои се заинтересирани за песна со него. Последната година не беше добра за Џошуа.

Тој во септември 2021 година ги загуби титулите од Александар Усик во Лондон. Во август годинава Џошуа доби реванш, но повторно загуби со одлука од Усик во Саудиска Арабија. Ентони имаше нервен слом по борбата и се однесуваше недолично.

Сега планира рап песни, како и борби во 2023 година.

„Би сакал да снимам мини-албум затоа што во овој живот секогаш треба да се трудиш да направиш нешто. Живееме само еднаш, па зошто да не? Кога ќе излезе мини-албумот на Еј Џеј? Ќе кажам можеби следната година.

Ако имам слободно време, со задоволство ќе го направам тоа. Веќе разговарав за тоа со некои музичари. Разговарав со раперите Скрапз и Нинс и тие сакаат да снимат песна. Таквата соработка би била многу добра“, изјави боксерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО