Ентони Џошуа сака да го види Алекс Переира во боксот

Ентони Џошуа не го криеше воодушевувањето од една од најголемите ѕвезди на УФЦ во моментов – Алекс Переира. Тој преку социјалните мрежи го повика да се сврти кон боксот.

„Алекс Переира еден ден би требало да дебитира во бокс“, напиша „Еј Џеј“ на Х.

Бразилецот, пак, беше фасциниран од зборовите на британската суперѕвезда и призна дека тоа е еден од неговите соништа, иако моментално има 37 години и нема време за вистинска кариера во спортот. Исто така, побара од него да му препорача противник да го забележи своето деби.

Потсетуваме дека Џошуа веќе се сретна со едно од поранешните големи имиња во мешаните боречки вештини – Френсис Нгану. Нивниот меч во Саудиска Арабија предизвика огромен интерес, иако на крајот заврши со еден од најбруталните рани нокаути на мечот во корист на поранешниот двократен обединет шампион во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON