Ентони Џошуа признава дека пред повратничката борба против Френклин го мотивираат парите

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, по двата последователни порази од Aлександaр Усик, сака да ја врати кариерата на вистинскиот пат со победата против Џермејн Френклин. Нивниот меч треба да се одржи на 1 април.

Френклин загуби од Дилиен Вајт во ноември минатата година и тоа беше негов прв пораз по 21 победа. Американецот на крајот загуби со мнозинска одлука, иако некои мислат дека направил доволно за да победи.

А во пресрет на мечот против Френклин, Џошуа откри што го мотивирало во овој клучен период од неговата кариера.

„Пари“, повтори Еј Џеј неколку пати и додаде:

„Сакам да заработувам, тоа е спорт во кој се бориш за награди. Бев скршен, семејството ми се распадна. Знам што значи тоа. Добар сум во тоа што го работам и навистина се трудам. Кога се ќе заврши, никој повеќе нема да се грижи за мене. Затоа морам да го искористам максимумот додека сум тука“.

Ентони Џошуа во текот на десетгодишната професионална кариера има голема заработка, а според Форбс неговото богатство се проценува на 38 милиони фунти.

Ако го победи Френклин, тогаш може да се радува на потенцијалните борби против Тајсон Фјури, Дионтеј Вајлдер или поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану. А ваквите натпревари му гарантираат подобра заработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО