Погледнете го соочувањето на Махачев и Волкановски во пресрет на настанот УФЦ 284 во Перт (ВИДЕО)

Пресметката меѓу Ислам Махачев и Александар Волкановски е насловна на настанот УФЦ 284 викендов во Перт.

Дагестанскиот репрезентативец за првпат ќе го брани појасот во лесна категорија, кој го освои лани во октомври во мечот против Чарлс Оливеира.

Махачев во втората рунда го совлада Бразилецот со принуда и со тоа стигна до 11-та победа во низа.

Дагестанскиот борец е повисок од Александар, а веројатно ќе биде за нијанса посилен од противникот.

Но, шампионот во перо категорија влегува во овој меч како највисоко рангиран борец на УФЦ на П4П.

Австралиецот со македонско потекло ќе се бори пред својата публика, што ќе му даде дополнителен ветер во грб. Тоа го потврди и атмосферата која владееше за време на прес-конференцијата, но и на нивното соочување.

Махачев делуваше смирено, па дури и се забавуваше со Волкановски, кој дополнително ја анимираше публиката.

А како изгледаше тоа погледнете во видеото:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО