Ентони Џошуа откри што најмногу му пречи кај Усик: Тоа ми е ноќна мора

Британецот Ентони Џошуа во сабота ќе се обиде против Александр Усик, да си ги врати шампионските титули на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија, кои ги загуби минатиот септември во Лондон.

Боксерскиот спектакл ќе се одржи во Џеда.

Легендарниот Мајк Тајсон пред некој ден пред реваншот против Украинецот му даде неколку совети на Џошуа.

И Ентони знае дека мора многу да промени пред реваншот, бидејќи не сака повеќе да се најде во подредена улога.

И откри што најмногу му пречи кај украинскиот борец.

„Морав да поправам многу работи, бидејќи левичарите за мене се ноќна мора. Сигурно би го уништил Усик да не беше левучар. Сто проценти“, изјави Ентони Џошуа и додаде дека и психичките подготовки ги препуштил на својот тим:

„Го почитувам тренерот Роберто Гарсија, а само со квалитетни подготовки и тренинзи можам да стекнам самодоверба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON