Светскиот шампион ИБФ, ВБО, ВБО и ИБО, Ентони Џошуа објави дека не е загрижен за евентуално новиот пораз во професионалниот ринг. Британецот зборуваше пред своите фанови на социјалната мрежа „Инстаграм“, објавувајќи видео од последната тренинг сесија.
https://www.instagram.com/p/CC8-fFzl3i1/?utm_source=ig_embed
„Не ми е грижа што може да загубам. Работите не се сведуваат на победи и пораз. Влегов во оваа сала кога имав 18 години. Таа ме спаси – пред тоа пушав, пиев – бев тргнат по многу лош пат. Но, луѓето тука ме спасија, се се сведува на машкоста, на ставот. За мене ова е најважното – можете да изгубите, но поентата е да го направите тоа со достоинство и да дадете се од себе. Тогаш немате од што да се срамите“, рече Џошуа.
Во оваа фаза сè уште не е јасно кога и каде ќе се одржи неговиот меч со Кубрат Пулев. Најновите информации се поврзани со „О2 арената“ во Лондон во ноември, со цел да присуствуваат 2.000 гледачи.