Френк Ворен, промотер на ВБЦ светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, изјави дека поранешниот светски шампион Ентони Џошуа одлучил да ја одбие нивната понуда. Неодамна беше откриено дека Ворен разговарал со Еди Херн за борба во септември меѓу Тајсон и Џошуа.
Сепак, тоа нема да се случи, бидејќи Џошуа има други планови. Новинарот Мајкл Бенсон ја сподели веста на социјалните мрежи. Џошуа има намера да се фокусира на подготовките за борбата со Американецот Дионтеј Вајлдер во декември.
Потсетуваме дека на крајот на минатата година Фјури и Џошуа преговараа за дуел, на крајот договорот пропадна. Фјури последен пат се бореше во декември минатата година и го победи Дерек Чисора со ТКО.
Џошуа во април славеше со едногласна одлука против Џермејн Френклин. Очигледно никогаш нема да го видиме Џошуа против Фјури. Фјури на социјалните мрежи се нафрли на Џошуа и порача дека е пи*ка.
Tyson Fury reacts to the Anthony Joshua fight not happening next… pic.twitter.com/3onBbyiCms
— Michael Benson (@MichaelBensonn) June 1, 2023