Ентони Џошуа се чини дека е на пат да стане сопственик на еден од класичните англиски фудбалски клубови – Вотфорд. Веста ја објави Атлетик.
Боксерската суперѕвезда има апетити за голем број други спортови надвор од неговиот. Тој е сопственик на дел од тимот на Алпине во Формула 1, а сега е на пат да поседува дел од омилениот фудбалски клуб од детството.
Разговорите во моментов се се уште во рана фаза, но факт е дека се започнати и во догледна иднина клубот од второ ниво на англискиот фудбал би можел да добие исклучително влијателен сопственик.