Ентони Џошуа ќе бара помош од поранешниот шампион Рој Џонс Јуниор

Поранешниот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа ќе се обиде да работи со легендарниот поранешен шампион Рој Џонс Јуниор пред потенцијалнотo враќање во рингот во 2023 година.

Британецот повторно беше поразен од украинскиот шампион Александар Усик во август, а првпат по 2015 година ќе боксира во меч кој не е за титулата. Пред тој меч Џошуа го смени долгогодишниот тренер Роберт Меккракен со Роберт Гарсија, но сега бара нова промена по разочарувачкиот пораз.

„Џошуа не сака да се обврзува уште сега, но ќе разговараме и ќе видиме што ќе се случи. Тој ќе дојде да работи со мене неколку дена и потоа ќе одлучиме. Ако не му одговара, тогаш ќе побара подобар тренер“, откри 53-годишниот Џонс Јуниор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО